Токсични врски и папучарење

Сведок сум дека во последно време луѓето сѐ повеќе влегуваат во токсични врски, па затоа и самите тие се жртви на авторитети или по нашки кажано: нарцисизам.

Пишува: Боемот 2.0

Навистина не можам да разберам како можат толку многу да се папучарат некои машки. Фаќаат женска и преку ноќ се менуваат 180 степени. Дозволуваат да бидат контролирани како марионети. Забораваат дека до претходно имале друштво и 100% проценти се препуштаат на партнерката. 
И по извесно време нивната првична добрина е злоупотребена. Ги командаат, а они се како пиунчиња. Женската им бара да бришат луѓе од Инстаграм – без збор прифаќаат. Па, женската оди подалеку: Бара викенд во Белград и шопинг во Солун. Нормално, за папучарот нема проблем. Исполнува наредби како пиунче.
И на крајот секоја ваква врска (ама буквално секоја) завршува неславно. Заклучокот е дека претераната љубомора не е „гест на внимание“, туку знак на неизживеаност и посесивност.
Затоа им давам искрен совет на ваквите момци (папучари) да не дозволуваат да бидат командани. Нека не забораваат кој бил покрај нив кога немало никој и да не заборават на нивните другари од детството кои покрај нив биле и во добро и во зло. И немојте после кога ќе раскинете да ѕвоните по другари „еј раскинав, ај да пиеме кафе“. Мислете со време.

Боемот 2.0

P.s. Истово се случува и од женска страна, па и тоа е еквивалент на посесивност. Затоа, бидете внимателни.

P.p.s Препратете ја оваа објава на папучар и нека си сфати сам „колку е саат“. Додека не е предоцна…

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email