Договорена распределбата на министерски места: Македонците си ги враќаат назад клучните министерства

Договорена распределбата на министерски места: Македонците си ги враќаат назад клучните министерства

Кај кого ќе припаднат клучните министерства?

Изборите поминаа, еуфоријата спласна. Прославата заврши, а сега доаѓа време да се засукаат ракавите. Полека се крои новата влада, а веќе ги имаме и првите најави. Новата влада ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ (58 пратеници), ЗНАМ (6 пратеници) и Вреди – ВЛЕН (14 пратеници). Ако се земе предвид дека и од владејачката коалиција некои се прешалтале во ВМРО-ДПМНЕ тоа значи дека новата влада може да има до 80 пратеници со кои се обезбедува двотретинско мнозинство.

Само едно важно министерство кај „Вреди“

Според најавите кадрите на „Вреди“ се очекува да седнат на раководните позиции во министерствата за здравство, труд и социјална политика, економија, евроинтеграции и животна средина, а коалицијата ќе добие и вицепремиерска позиција. Министер за здравство се најавува дека ќе биде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Од овие министерства единствено важно е ова за здравство, другите сите се „чамче министерства“ неважни при составувањето во новата влада.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НАЗАД СИ ГИ ВРАЌА КЛУЧНИТЕ МИНИСТЕРСТВА кои досега беа кај Албанци – МНР, ФИНАНСИИ, ОБРАЗОВАНИЕ И ПРАВДА. МНР, Финансии и образование одат во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, а Правда кај партијата на Максим Димитриевски – ЗНАМ. Во меѓувреме, ќе се формира и ново министерство за рударство и енергетика со кое ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека ингеренциите од министерството за Економија ќе се пренесат кај Македонци во ова ново министерство, клучните работи ќе се извадат од таму и концесиите ќе ги дава минситер на ВМРО-ДПМНЕ. Фотоволтаици, ископ, сите такви концесии ќе одат од таму, а не од економија. Со тоа значи дека ќе се нормализираат многу работи во државава. Освен овие министерства, наши луѓе ќе раководат и со министерствата за внатрешни работи (веројатно најважна функција), финансии (сите вработувања се преку нив), транспорт и врски, образование (после Мила Царовска првпат кај Македонец), култура, земјоделство, локална самоуправа, одбрана и за енергетика. Ќе има и министерство за спорт кое ќе биде во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Гаши на собраниското столче

Можеби не ми е баш мило што Албанците ќе земат спикер во Собрание, но добро е што не добиваат она што бараа како МВР, ослободување на затвореници од монструм (тоа не треба ниту да е тема на муабет). Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ при толкав број на пратеници можеше да избоксува спикер да е Македонец. Сепак ако е за утеха, Африм Гаши е доста подобра од опција од Меџити или Касами од албанските политичари. Гаши ми личи на поасален без претензии кон нашите. Уште една добра работа е што Таравари го зема здравство. Знам дека докторите ,,навиваа” тој да е на оваа функција. Доста паметен потег на раководството на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што дадоа претседател на Собрание на ВЛЕН затоа што сега тие ќе имаат алиби следните избори кај албанските гласачи одново да го побараат својот глас. Во случај да не дадеа ДУИ ќе ги потопеше на следни избори, затоа ова е политички потег кој веројатно добро ќе се одрази на долг рок.

Македонци на челните позиции

Ми се допаѓа прагматичноста во преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ем им дадоа барања на Албанците, ем многу помалку од тоа што имале порано. Искрено се радувам дека во државава работите ќе дојдат на свое место ако гледаме дека Македонци повторно ќе се на челните позиции и министерства.

Парадоксалноста на Силјановска Давкова

Е сега, секогаш има нешто што не ми се допаѓа. Конкретно не ми се допаѓа денешната изјава на првата жена-претседател, новоизбраната Гордана Силјановска Давкова. Денеска Гордана изјави дека „Преспанскиот договор е реалност“, па почна да се вади дека не го прекршила. Со тоа си го прекрши изборното ветување дека нема да го почитува тој договор. За мене секогаш ќе биде Македонија, но да не се лажеме факт е дека Северна ќе си остане за меѓународна употреба. Кој сака да дојде утре тешко дека ќе го поништи. И сѐ ок, само ме чуди што истата Гордана која се лупаше во гради дека е против договорот од Преспа, прва си легна на брашното. Ако веќе планираше да се извинува и да кажува дека не го прекршила договорот, тогаш и во Собрание нека кажеше Северна, па да расчистевме од старт. Вака „пола риба, пола девојка“.

Како и да е. Владиниот колач се дели, се надеваме дека ќе дојдат асални луѓе на местото на досегашните. Деновиве нов текст на темава.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email