За Никола Николовски - Боемот

За Никола Николовски - Боемот

,,Мегафон на тивкото мнозинство”

„Боемот“ пред сè е страница на Инстаграм која со текот на годините се прошири и на Твитер и на Фејсбук. Веќе четири години преку оваа страница се кажува гласот на младиот човек, па оттука авторот себеси се нарекува „мегафон на тивкото мнозинство“.

Админ на страницата „Боемот“ е Никола Николовски од Скопје кој се бави со економија, новинарство и претприемништво, мулти-левел маркетинг.

„Боемот“ во август 2021 година беше мета на репорти од поширока маса од „слободоумни“ луѓе кои не прифаќајки критика на одредени тема посегнаа по копчето „репорт“ и токму затоа истиот профил беше избришан кога имаше 18.300 фоловерс. Оттогаш е отворен вториот профил кој го носи името „Боемот 2.0“.

Николовски зад овој профил пишува на сите општествени теми, а во фокусот му се младите луѓе.

„Боемот“ пишува на различни теми како политика, економија, секојдневие, вистински патриотизам, но и на сите актуелни теми во нашето општество. Како императив ја става вистината и го кажува гласот на младите луѓе кои се плашат гласно да го кажат. Многупати себеси се опишува како: „Последен крик на нормалноста во ова општество кое се темели на погрешни вредности“.

Бидете во тек со настаните прикажани преку една поинаква перспектива. 

Facebook профил

Никола Николовски - Боемот
Никола Николовски пишува на сите општествени теми, а страницата е позната како „Боемот - мегафон на тивкото мнозинство“.