Сме постоеле и ќе постоиме: Македонци живеат и зад границите на нашата држава!

Историски факт е дека Македонци живеат и надвор од сегашните граници на нашата држава. Неспорно е дека во минатото (па и до ден денес) станувало збор за асимилација и егзодус врз нашиот народ. Така, облеани со страв Македонците престанале да го искажуваат нивното национално чувство.

Но, не може со сила да се уништи нешто што не умира, не за џабе велат „и да ги искинеш сите цвеќиња, не можеш да го запрес доаѓањето на пролетта“. Така, Македонците допрва ќе го кренат нивниот глас. Во конкретниот случај зборувам за вчерашното отворање на македонскиот културен клуб во Благоевград кај е од историско значење. Конечно нашите луѓе таму ќе имаат место каде ќе се собираат и место кое им дава до значење дека не се заборавени.

Мене позитивно ме изненади фактот што и Мицкоски и Апасиев отидоа вчера на овој настан. Се надевам дека имаат искрени намери кон овие луѓе таму, а криво ми е што претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски не застанаа до нив рамо до рамо, за да се покаже национално единство. Секако, за почит е и акцијата на „Црвена Младина“ и кинењето на паролата „Македонија е бугарска“.

Бугарите отвораат културни клубови во Македонија, време беше и за да отвориме ние кај нив – реципроцитет. Но, јас ова не го гледам само низ таа призма, туку како иницијална каписла за кревање на националниот дух и надвор од нашите граници. Велат нѐ нема, ама еве сме! Македонци има и надвор од нашите граници!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email