Во војната меѓу приватните превозници и Град Скопје жртвата се скопјани кои се заглавени и не можат да стигнат на своите работни места.
Хронолошки, целиот проблем настана кога Данела Арсовска го раскина договорот со двете здруженија што учествуваа во јавниот градски превоз на дваесетина линии. Откако, се случи целата оваа фама сега се наметнува и прашањето дали е дозволено некој да блокира улици и да создаде таков метеж? Одговорот на ова прашање може да се најде доколку го погледнете „Законот за јавните собири“. Тука се вели дека правото на граѓаните на мирно собирање може да се оствари на начин со кој мирно ќе го изразуваат јавниот протест, а притоа нема да се ограничува правото на останатите граѓани на слободно движење. Според член 2-а протест може да се одржува на секое место освен до здравствени установи. Тука интересен е и членот 6 предвидува во кои околности Министерството за внатрешни работи може да го прекине протестот. Според досегашните знаења, МВР нема да го прекине протестот, а министерот Спасовски коментира дека граѓаните се „заложници на спротивставени политички субјекти“.
На прашањето кој е одговорен политичките партии и субјекти си ја префрлаат топката. Според ВМРО-ДПМНЕ Арсовска е во тајна коалиција со СДСМ и тие директно ја обвинуваат градоначалничката. Од владејачката СДСМ пак, се со став дека овој хаос низ Скопје е дело на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, единствен кој за виновници ги насочи приватните превозници е Апасиев и напиша дека „не контам блокирање град заради приватен долг“.
Деликатна ситуација. Мојот став по ова прашање е дека без разлика на околностите и ако се земе предвид дека приватните превозници си ги бараат своите пари кои им се целосно заслужени тогаш јас ги оправдувам нивните протести и блокади. Сите сме нервозни кога сме заглавени во сообраќај заради протестите, но сигурно не сакаме да им бидеме во кожа кога при чесна работа не можат да си ги обезбедат своите фамилии.
Време е Град Скопје да направи отстапки и да се најде заеднички јазик. Тоа е потребно што побрзо да се донесе и конечно да возиме без пречки во овој и онака град полн со метеж и гужви.
Боемот 2.0