Повеќе нема да има државна помош за спортистите кои ќе рекламираат казина и обложувалници!

Државна помош

Легендарниот македонски голман, а од неодамна министер за спорт во Влада на Република Македонија Борко Ристовски, во интервју најави одземање на државна помош на спортисти кои рекламираат казина и обложувалници. За него тоа е недостојно, а најави и рестрикции преку одземање на државната помош.

From hero to zero

Секоја чест за ваквата мерка, а истово требаше да се воведе и многу порано. Зошто? Бидејќи не им личи, младите ги навлекуваат на грешни пороци, ги учат на погрешни вредности. Така во вода им пропаѓа целиот труд. Како што викаат Американците: From hero to zero!

Јавните личности го оцрнуваат своето име

Освен спортистите како Перо Антиќ, Кире Лазаров и останати за мене очајно е што и јавни личности како: Игор Џамбазов, Жаре Еден на Еден, Лила Филиповска, Марјана Станојковска и останати скроз го уништуваат своето реноме. А во оваа категорија освен кладилница и казина, за мене лично спаѓаат и брзите кредити.

Прочитајте и:

Зошто јавните личности си го уништуваат реномето рекламирајќи брзи кредити?

Сериозно не можам да разберам. Како овие јавни личности решаваат да рекламираат вакво зло, да рекламираат нешто од кое 95% од луѓето имаат негативно искуство. Рекламираш да губиш пари на апарат и рулет во казино. Или брз кредит. Земаш 20000 денари, принуден си да вратиш 40000 денари… И ти како јавна личност се решаваш ова да го рекламираш…

Пари поважни од реноме?

Секој сам си решава што ќе рекламира и ако стварно парите им се поважни од реномето тогаш слободно нека ги земат. Никој не ви подарува пари, никој не видел аир од овие брзи кредити. Правете рационални одлуки, а на оние кои земаат пари за да ви ги рекламираат брзите кредити нека им служи на чест. Особено на горенаведените кои ги гледам со различни очи откако донесоа таква одлука.

Како и да е… Почит за ваквата мерка денеска и памет во глава!

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Државна помош

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email