НЕ СМЕ ЗАТРУЕНИ САМО ОД ХРАНА, ТУКУ И…

НЕ СМЕ ЗАТРУЕНИ САМО ОД ХРАНА, ТУКУ И...

НЕ СМЕ ЗАТРУЕНИ САМО ОД ХРАНА, ТУКУ И…

За жал во Македонија не сме затруени само од храна. Не сме затруени само од салмонела.

Затруени сме од сѐ.

Затруени сме од вечното непочитување закон, а затоа страдаат невини луѓе. Затруени сме од подметнати пожари за материјални корист. Затруени сме од горење на Вардариште и диви депонии низ цела држава, па надвор не се дише. Затруени сме, бидејќи палиме клима, па нема чист воздух повеќе во градов.

Затруени сме од многу политика во секоја сфера, од вечната поделба на „наши“ и „ваши“. Затруени сме од странските либерални пропаганди, од вечно климање со глава и свирење така како што ќе ни кажат.

Затруени сме од турбофолк музика. Затруени сме од величење на туѓото и деградирање на нашето. Затруени сме од самопрогласени авторитети и од „знаеш ли кој ми е татко“.

Затруени сме од казина, кладилница и брзи кредити на секој чекор. Затруени сме од многуте табли VLT и сузбивање на другите сфери. Затруени сме, ама онака БУКВАЛНО затруени од заземањето во рекламниот простор на сите кладилници и казина, па човек не може на раат да гледа спорт без 200000 илјади реклами за нив.

Затруени сме од приказните на постарите кои како стеги не ни даваат да одиме напред. Затруени сме од тие „стари добри времиња“, од празни муабети и „чичко ти што правел на времето“. Затруени сме, ама буквално затруени бидејќи наместо да гледаат да сменат нешто влегуваат во медиокритетот.

Затруени сме од корупција, но и пасивноста кога во прашање е таа. Затруени сме од „се снашол“, „му се посреќило“ и „ќути има и полошо“.

Затруени сме од НЕМОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ, од промискуитет, од моментални задоволства за една вечер, од филери и силикони на секој чекор. Затруени сме од непочитување на религијата и потсмевајќи се на истата мислејќи дека така сме во „тренд“.

Затруени сме, а затоа ни е потребна една, добра, ОПШТЕСТВЕНА ДИЈАГНОЗА.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email