МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖУВА ДОНАЛД ТРАМП!
Поддршка за Трамп
На собирот на Доналд Трамп во Пенсилванија се слушнаа истрели од огнено оружје. Брзо беше опколен од вооружено обезбедување и остана долу околу една минута. Веднаш по истрелите Трамп стана и им даде дознаење на своите фанови дека е добар.
Што се случи?
Од првичните информации може да се забележи дека Трамп е погоден во увото, а така раскрварен го напушти местото. За среќа, Трамп е жив, добар и не е посериозно повреден.
Убедливо најсмешно од целата гунгула ми е како пренесуваат американските медиуми за ова. Пишуваат како Трамп самиот паднал на бината, а притоа не се наведува дека било пукано во него, иако тоа е јасно видливо.
Кој пукаше во Доналд Трамп?
Според најновите информации човекот кој пукаше во Доналд Трамп веќе е мртов, но ваквата вест не е потврдена, а допрва се чекаат детали.
Ова се тие „мирољубиви методи“ кои ги применуваат тие кои се на спротивната страна од нас. Да се потсетиме дека пред само еден и пол месец, словачкиот десничарски премиер Роберт Фицо беше застрелан и ранет по состанокот на владата во близина на Братислава.
ОНА ШТО Е ЈАСНО Е ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕМА ИЗГОВОРИ. Кој не го поддржува Трамп ги поддржува изродите.
И ПРЕД, И ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ – МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖУВА ДОНАЛД ТРАМП!
Боемот 2.0