(ИСТРАЖУВАЊЕ) Колку се заработува од занает во Македонија?

Колку се заработува од занает во Македонија?

По вчерашната објава за тоа дека „Од работа нема срамота“ многумина пишаа дека се заработува убаво со учење занает или физичка работа. 👇

Па, така решивме да ве прашаме вам колку се заработува од занает, а ова се дел од одговорите кои ни ги пишавте:

Плочкар – плата 90.000 денари
Овчар – плата 90.000 денари
Молер – плата 90.000 денари
Бербер – плата 75.000 денари
Правење нокти – плата 60.000 денари
Местење прозори – плата 60.000 денари
Механичар – плата 60.000 денари
Бравар – плата 60.000 денари
Чевлар – плата 60.000 денари
Електричар – плата 60.000 денари
Пица (бурек) мајстор – плата 60.000 денари
Заварувач – плата 45.000 денари
Столарија – плата 40.000-60.000 денари
Местење клими 40.000-60.000 денари
Гипсар – плата 40.000-60.000 денари

Напомена: Овие суми варираат дали си нов или пак искусен мајстор, дали си осигуран или не си, дали имаш своја фирма, работиш за друг или пак работиш на црно. Во секој случај заработките се високи и далеку над просечната плата. Секако, овие професии многу се платени во странство, но и овде не е за потценување. Откако многу голем дел од стручните работници отидоа во странство оние кои останаа овде ги качија цените.

Со иселувањето во Македонија се создаде простор на недостиг на занаетчии, па затоа бидете паметни и одлучете се на долг рок да одберете ваква функција. Повторуваме дека „Од работа нема срамота“, а во иднина со вештачката интелигенција, со многуте неизвесности на пазарот кои следат едно е сигурно – занаетот секогаш ќе биде некому потребен. Затоа дури и да имате друга работа, ова секогаш може да го имате како „втора“ опција.

Препратете ја објавата на оние кои се мислат што да работат, нека засукаат ракави, сумите не се за потценување. Пишете коментар што мислите на темава 👌

Текстот е објавен заедно со дечките од @drzhivoda 💪

Во продлжение може да ја погледнете и самата објава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email