Вечерва Португалија ја совлада Швајцарија со неверојатни 6 : 1, а оваа вест со задоволство ја дочекаа Македонците кои дадоа недвосмислена поддршка на португалската репрезентација.
Противник на моќната селекција беше Швајцарија чија победа во претходниот натпревар одекна како бомба во некои градови во Македонија. Доколку сте пропуштиле како се славеше овој резултат погледнете ТУКА.
Сигурно претпоставувате дека победите на Португалија се токму поради тоа што одреден португалски фудбалер има македонско потекло. И точно е, не е се така случајно. Ако се водиме по тоа дека српските медиуми го прогласија Илон Маск за Србин, а бугарските медиуми секојдневно триумфално прогласуваат дека сите се Бугари, па дури и Аврам, Мојсеј, Исус и Мухамед биле Бугари, тогаш зошто не би можеле и ние да го прогласиме Бруно Фернандеш за Македонец?
Има бројни докази дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед е Македонец. Ќе почнеме од тековната вест каде тој се сликна со паролата „Македонија за Вардар“. Директно од Катар тој успеа да даде поддршка за македонскиот бренд Вардар и ни помалку ни повеќе Македонија да ја нарече под уставното име, без додавката Северна. Ова е уште доказ за неговите патриотски чувства и како што неофицијално дознаваме во соблекувалната по победата над Швајцарија скандирал „Никогаш Северна – Само Македонија“. Дополнително, добивме и шпекувации дека вистинското негово презиме е Фернандовски, но за тоа се уште не може да се потврди.
Она кое ѝ дава на релевантност на оваа вест е тоа што Фернандовски во минатото има фотографии со македонски дрес. Никаде не станува збор за фотошоп. Од љубов кон Македонија се шпекулира дека агитирал Манчестер Јунајтед да падне во понизок ранг за да може да ги одмери силите со екипи како Вардар, Тетекс и Пелистер.
Честитки за Португалија, честитки за Фернандеш.
* НАПОМЕНА: Оваа објава е САТИРИЧНА, а целта е да се докаже дека доколку одредени лица можат да слават победа на странска држава и да блокираат крстосници, можеме и ние да славиме победа на Фернандеш и Португалија.
P.s. За фотографиите на Фернандеш со македонски дрес и овој повик за поддршка на ФК Вардар мора да се заблагодариме на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски чија промоција на Македонија е во најдобро светло.