Вечерва, веднаш по натпреварот Србија – Швајцарија започнаа тензии и на улиците низ Македонија. До редакцијата на boemot.mk пристигнаа видеа на кои може да се забележи за провокациите кои вечерва ги има во Куманово по победата од страна на Швајцарија над Србија.
Хаос во Куманово: Албански навивачи ја слават победата на Швајцарија pic.twitter.com/N4gBeFEEsS
— Боемот 2.0 (@boemot_mk) December 2, 2022
Како што може да се забележи од видеото каде јасно се гледаат албанските знамиња, станува збор за собир на албански навивачи кои ја слават победата. Освен овие навивачи имало и спротивставена страна за кои се шпекулира дека се Срби. Од информациите кои ги имаме од терен, дошло и до физичка пресметка меѓу двете страни, a aлбанските навивачи скандирале „УЧК“. Иако полицијата интервенирала, сепак имало голема тензија. Инфомрациите се менуваат од момент во момент, па затоа се уште не можеме да дадеме епилог.
Исто така, излегоа и фотографии од тензичната случка.
Во Куманово Албанците ја слават победата на Швајцарија со албански знамиња. pic.twitter.com/PATTKmrptD
— Malta (@Malta97039924) December 2, 2022
Освен во Куамново, тензија има и во Скопје, Тетово, Гостивар и останати градови. До нашата редакција пристигна и видео од центарот на главниот град на подвозникот под Мавровка кое може да го погледнете во продолжение.
Победата на Швајцарија над Србија се слави и во Скопје. Видеото е од подвозникот кај Мавровка. pic.twitter.com/1oLf2Q2vXw
— Боемот 2.0 (@boemot_mk) December 2, 2022
Освен во Македонија, инциденти за овој меч имаше и на самиот стадион, а се шпекулира дека имало и во останати европски метрополи каде живеат иселеници од двете спротивставени страни.
Од фудбалски аспект, Швајцарија, која во последното коло од групата Г ја совлада Србија со резултат 3:2, оди во осминафиналето на Мундијалот, а Србија го заврши својот настап на Светското првеснтво во Катар.