Денот со Боемот – 21.09.2022

Денот со Боемот на 21.09.2022 е насочен на следниве три теми:

  1. Ковачевски во Обединетите Нации, СДСМ сѐ уште секојдневно пишува за Данела Арсовска
  2. Повеќе новинари, отколку членови: Неуспешен обид за фракција во ВМРО-ДПМНЕ
  3. Путин најави „делумна мобилизација“: Протести во Москва против Путин, Русите масовно ја напуштаат државата

Зад нас е уште еден ден со многу политички турбуленции. Најпрво започнувам од премиерот Ковачевски којшто е на самит на Обединетите Нации. Премиерот водејќи се по темата на овој настан која е по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата, зборуваше дека Македонија е мулти-етничка држава. Тој зборуваше на концептот „Едно општество за сите” и потенцираше дека Македонија е пример за соживот. Јас сметам дека во нашето општество мора да најдеме начин да живееме со другите заедници и националности ако сакаме просперитет, меѓутоа ваквите говори некако се бесцелни. Најдобро е да имаме во пракса повеќе работа на ова поле и наоѓање на заеднички јазик за горчливите теми отколку празни зборови. Плус, сметам дека ваквите либерални глупости се матење празна слама и колку што се пишува за заедниците убаво е да се зборува и за македонското национално единство кое што е заборавено од македонските политичари, додека албанските политичари кои си помагаат меѓу себе. Денеска исто така во рамките на СДСМ продолжија, осми ден по ред, да пишуваат за карањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска што јас искрено ги разбирам зошто замараат со оваа теза бидејќи во корист им се конфликти во рамките на опозицијата.

Исто така во текот на денешниот ден Оливер Андонов, човек кој го држи рекордот за најкратко седење на министерското столче – само 12 саати одржа прес-конференција за фракција во ВМРО-ДПМНЕ и пад на Христијан Мицкоски. Она што го видовме беше далеку од тоа што го најавуваше Андонов и сликата беше жална од проста причина што имаше повеќе новинари од членови. Промени во ВМРО-ДПМНЕ и јас сметам дека треба да има и истите треба да бидат во насока поголемо вклучување на младите луѓе во носењето на политиките и слично, меѓутоа ова личеше на спектакл. Да биде уште посмешно вмровците кои работат во „Белата палата“ пуштаа музика додека траеше изјавата и мислам дека само пуканки ми фалеа да го следам ова. Во секој случај, неуспешен обид за фракција и неуспешен обид за промени и внатрепартиски раскол.

Од светските случувања, очите повторно се вртат кон руско-украинскиот конфликт и контроверзната изјава на Владимир Путин. Тој најави „делумна мобилизација“ и истата се должи на тековните украински напредувања на фронтот. Вечерва Москва гори, протести има и во Санкт Петерсбург и во уште 30-ина поголеми градови низ државата. Досега уапсени се над 530 лица, а протестите се очекува да продолжат и во следните денови. Особено многу реакции има по изјавата на синот на Песков (портпаралот на Путин) кој не сака да го мобилизираат. Повеќе од тековните протести може да видите од видеото во продолжение:

Ова беше прва од многуте анализи кои следуваат во рубриката „Денот со Боемот“. Очекувам ваши коментари како ви се допаѓа оваа рубрика.
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email