Од денеска нашето секојдневие добива нова димензија и се будиме со www.boemot.mk.
Она што многу долго ми беше желба, стимул и цел отсега е реалност – добиваме веб страница, отворам фирма и станувам далеку посериозен медиум.
Работите кои некои медиуми ги прават со групи од десетици луѓе и сериозни финансии јас го правам сам. Единствено за техничкиот дел добивам поддршка од студенти кои се разбираат во програмирање, а заедно со нив ова го правиме без ниту еден денар финансии добиени од страна! Во оваа пригода би сакал да им се заблагодарам за безрезервната помош и поддршка и да им кажам дека допрва доаѓаат големи работи!
Ви благодарам за досегашната поддршка и ве уверувам дека истата не е залудна. Боемот.мк е платформата преку која тивкото мнозинство ќе продолжи да го кажува својот став.