Текст за масакрот кај КАРПАЛАК.
Ги убија од заседа бидејќи поинаку не можеа!
Тежок ден. Одбележуваме 23 години од загинувањето на 10 бранители во конфликтот од 2001 година. Тогаш, припадниците на УЧК со ракетни фрлачи го нападнаа конвојот на АРМ во кој се превезуваа бранителите кои се упатуваа на боиштето во Тетовско. Во нападот со проектил беше погоден автобусот, при што загинаа 10 бранители од Прилепско, а поголем број беа ранети.
Вечен спомен ќе биде Карпалак
23 години подоцна сѐ уште останува нејасно како оние што го испратија конвојот, дозволија колоната да биде пуштена без преземени борбени мерки и покрај тоа што органите на одбраната и безбедноста имаа многу информации за присуство на припадници на УЧК.
Поминаа 23 години, но тоа воопшто не е далеку зад нас. Многу фамилии останаа без својот татко, брат, сопруг, комшија, пријател. Ова е преголема загуба и најкрваво нешто што може некому да му се случи. Затоа, разбирлив е гневот и национализмот кој тлее во секој Македонец. Тага и непробол бие во нас, но бие и поривот дека нѐ има и дека постоиме. Македонецот можеби личи на плашлив и повлечен, но Македонецот е многу храбар и свој на своето кога е најпотребно.
Ги убија сурово и од заседа. Никогаш нема да ги заборавиме сурово убиените: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
За Македонија сите даваме по нешто, но овие дадоа сѐ. Вечна слава на овие херои. Ги убија од заседа бидејќи поинаку не можеа! 🇲🇰
Боемот 2.0