Се враќа оградата пред влада

Се враќа старата ограда пред влада

Се враќа оградата пред влада – први чекори на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Жал ми е што ова е тема на дискусија, но…

Многу ми е жал што живеам во држава каде воопшто дискутираме за оградата пред влада.

Една од најголемите глупости на претходната влада и тогашниот премиер Зоран Заев е што ја тргна оградата пред Влада и истата ја замени со ваквата грдата полициска ограда што го гнаси целиот простор. Згора на сѐ имаме и никакво неискосено катче. Демек ќе го отварал просторот за граѓаните, па ќе ставал клупи, за на крајот не само што немаме „простор за граѓаните“ туку имаме и една установа која го прави грд целиот простор во центарот на Скопје.

Чинот на вадење на оградата од претходната власт беше само симбол на деструктивност на нашето општество. Одење со глава во ѕид да се биде контра претходникот, за на крајот да не се направи ништо.

На вчерашната одлука од Влада беше донесена одлука да се врати старата одлука. Ја почитувам и ја поддржувам одлуката. Она што го имаме моментално не личи на ништо, па затоа ми се допаѓа. Воедно апелиарам новата власт да земе премиер од старата и да не биде деструктивна по секоја цена.

Дајте да зборуваме за суштина

И доста веќе вакви глупости. Дајте да зборуваме за суштински работи. Дајте да зборуваме сега веќе за економија, судство, образование и здравство, а не за вакви небитни естетски работи кои треба да се процедурални на вработените во оваа установа.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email