Вечерва, веднаш по натпреварот Србија – Швајцарија започнаа тензии и на улиците низ Македонија. До редакцијата на boemot.mk пристигнаа видеа на кои може да се забележи за провокациите кои вечерва ги има во Куманово по победата од страна на Швајцарија над Србија.
Како што може да се забележи од видеото каде јасно се гледаат албанските знамиња, станува збор за собир на албански навивачи кои ја слават победата. Освен овие навивачи имало и спротивставена страна за кои се шпекулира дека се Срби. Од информациите кои ги имаме од терен, дошло и до физичка пресметка меѓу двете страни, a aлбанските навивачи скандирале „УЧК“. Иако полицијата интервенирала, сепак имало голема тензија. Инфомрациите се менуваат од момент во момент, па затоа се уште не можеме да дадеме епилог.
Исто така, излегоа и фотографии од тензичната случка.
Освен во Куамново, тензија има и во Скопје, Тетово, Гостивар и останати градови. До нашата редакција пристигна и видео од центарот на главниот град на подвозникот под Мавровка кое може да го погледнете во продолжение.
Освен во Македонија, инциденти за овој меч имаше и на самиот стадион, а се шпекулира дека имало и во останати европски метрополи каде живеат иселеници од двете спротивставени страни.
Од фудбалски аспект, Швајцарија, која во последното коло од групата Г ја совлада Србија со резултат 3:2, оди во осминафиналето на Мундијалот, а Србија го заврши својот настап на Светското првеснтво во Катар.