Контрадикторноста на Ивона Јо

Контрадикторноста на Ивона Јо „ме натера“ по долго време дал бидам и дел од „Инстаграм драма“. Бидејќи е најавено дека за 24 часа ќе биде избришан reel-от на којшто повеќе лајкови има мојот коментар, отколку самата објава, нека стои и тука мојата порака до Ивона Јо:

Контрадикторна си, а и подобро ич да не снимаше reel-ов. Но, ајде да се објаснам. Напишав:

,,Жал ми е што во сржта на Македонецот е потчинување пред Србинот и величење на нивниот лик и дело. Во меѓувреме се заборава целата нивна асимилација кон нашиот народ. Дополнително, одбивни ми се ваквите Македонки кои за лајк повеќе се спремни на направат сѐ. Видеово е одбивно и доказ за една цела потчинувачка медиокритетска структура на србомани, но и доказ за плиткоста дел од нашите јавни личности. Среќа што ги нема многу вакви.”

Ова беше напишано на мојот профил. Многу уредно и политички коректно, без лоша намера. Но, штом реши вака јавно да објавуваш ајде да продолжам.

Прво, она што мене ме загрижува е самиот опис (description) на видеото. Си напишала: ,,Nedamo te, zemljo Dušanova”. На страна што ова ти е правописно грешно (не + глагол се пишува одвоено), ова повикува на војна. Не знам колку си свесна, не знам колку следиш политика, но веројатно знаеш дека на Косово ситуацијата е на раб од ескалација. Со стиховите ,,Од Крушевца Призрена Цетиња, Дубровника Книна Невесиња, Са Авале Ловћена и Шаре, Кличе српство устани Лазаре, Са Авале Ловћена и Шаре, Кличе српство устани Лазаре” јасно повикуваш и на територијални претензии, повикуваш и на загрозување делови од повеќе унитарни држави, но и од нашата Македонија. Епа Ивона, не оди заедно ,,Јано мори” да се пее со оваа песна. Одлучи се кај тераш. Многу ти е убава изведбата на ,,Јано мори” и искрено не знаев дека ја имаш испеано, но со оваа успеа да си ја фрлиш во вода. Патем. Едно е факт Србите вршеле асимилација тука, а оваа песна е нивна и е националистичка, па би рекол и чекор повеќе: шовинистичка. Никој немаше да има против ако испееше некоја друга српска народна песна, љубовна, забавна или дури и патртиоска но без териотиторијални претензии. Можеше доблесно да се извиниш, а ти реши да се дозакопаш со оваа смешна и контрадикторна објава.

За заканите навистина ми е жал, но ако некој вистински примал закани, веројатно заради содржината на мојот профил, тоа сум јас. Но, заканите не ги користам како алиби да ме сожалуваат бидејќи сам сум се нафатил на тој чекор. Одлучи се на кај тераш. Не оди оваа српска песна заедно со македонските патриотски. Одбери, но и биди доблесна да се извиниш кога грешиш. И намали со егото. Македонија вечна 🇲🇰

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email