Вистински пријатели

Во ситните саати (како сега во 3.14 часот) секогаш ми доаѓаат на памет некои теми кои не ги мислам во текот на денот. Па, така и текстот којшто ќе го пишувам на тема „вистински пријатели“. Иако насловот звучи како писмена работа за осмо одделение сепак суштината е многу подлабока.

Можеби е клише, но целосно вистинит е муабетот дека кога имаш пари сите се околу тебе, а кога немаш сите гледаат и да те избегнат. Така е, а сите свесно или несвесно го правиме тоа околу нас. Опкружени сме со љубомора, лицемерие, па затоа ниту еден коментар не треба да го земаме здраво за готово. Воедно, и конечно да разбереме дека голем дел од луѓето околу нас гледаат задни намери во нас.

Мене кристално јасно ми е дека пола од луѓето кои ме тапкаат по рамо и ми велат „што има легендо“ тоа го прават исклучиво заради мојот профил и позиционираност во општеството. Иако си мислев дека пријателствата ги разбирам претходните неколку години се уверив кои ми се вистински пријатели. Реално, се изгорев неколку пати, бев повеќе од разочаран, но штом ќе се изгориш на млекото дуваш и на јогуртот.

Искрено, текстов го пишувам со намера да внимавате на тоа со кој се дружите. Размислете дали доколку би ја немале позицијата на која што сте моментално луѓето би биле околу вас. Дали партнерот/ката би бил/а со вас ако не сте на моменталната позиција? Сетете се на моментите кои биле покрај вас и кога сте немале ништо, и не заборавајте дека тие единствено би биле покрај вас и во најлошите случаи.

А штом најдете вистински пријатели тогаш имате моќна заштита околу вас, имате ризница околу вас. Само таа личност ќе биде со вас и во тешките моменти, и само тие ќе знаат да ви помогнат кога другите ќе ве напуштат. Ценете си ги вистинските пријатели, а другите што побрзо тргнете ги!

Боемот 2.0

P.s. Поздрав до моите вистински пријатели, особено до оние кои ги знам и пред да го имам овој профил и ме гледаат мене како индивидуа независно од профилот!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email