Сите сме сведоци на оваа невидена скапотија која е присутна моментално околу нас. Цените на производите драстично поскапуваат, при ваквите цени на суровините и струјата компаниите се приморани да поскапуваат за да можат да работат профитабилно и да ги платат своите вработени.
Во вакви услови барем дел од работите во наши раце, да помогнеме таму каде што можеме. Време е да им помогнеме на микро и малите компании, да ги поддржуваме нашите локални брендови и претприемачи кои се единствените кои се целосно посветени на нас – крајниот потрошувач. Не нѐ чини ништо да им помогнеме, а социјалните мрежи ни помагаат за оваа работа да биде уште полесна.
Затоа во вакви услови предлагам заеднички да почнеме една иницијатива за поддршка на мали бизниси. Тука конкретно мислам на угостителски објекти, цвеќари, салони за убавина, спортски центри и останати мали бизниси кои и онака секојдневно ги користиме. Не нѐ чини ништо да објавиме едно стори, да направиме објава или пак усно да го препорачаме малиот бизнис.
Забележувам дека многу Македонци поддржуваат бизниси како Старбакс и МекДоналдс кога ќе отидат во странство, со тоа им помагаат на големите корпорации, а никогаш не ги објавиме нивните локални бизниси!? Не може така другари!
Разберете едно нешто: Кога поддржувате мал бизнис вие поддржувате да се остави нечиј сон. Исто така, ако вашиот пријател отвори бизнис не му барајте попуст – туку баш напротив дека го цените поддржете го плаќајќи ја целата сума, а претприемачот сигурно ќе најде начин да ви се оддолжи. Поддржете го неговиот бизнис исто како што ги поддржувате корпорациите како МекДоналдс, исто како што ги поддржувате јавните личности кои никогаш не сте ги запознале.
Во вакви непредвидливи времиња најмалата работа која можеме да ја направиме за солидарност е токму ова. Ајде заеднички на дело да го покажеме вистинскиот локал патриотизам и заеднички да си помогнеме!
Боемот 2.0 #ПоддржувамМалиБизниси #ГоПоддржувамБизнисотНаМојотПријател #supportyourfriendbusiness #ЛокалПатриотизам #localpatriotism