Фиктивен разговор објавен на социјалната мрежа Инстаграм ги оживеа македонските „заборавени зборови“, а оваа „драма“ беше интересна за публиката.
Пишува: Боемот 2.0
Љубов на прв поглед: Неповторливиот муабет со келнерката! 💘
Одам сам на кафе. Нарачувам еспресо, ми го носи еспресото и оттука почнува мубетот:
– Сполај ти, супер е кафето.
Пиј си тутун, пиј си каве, азното само ќе си дојде.
– Ашколсун, ретко да добијам ваков одговор од некоја келнерка. Да не бидам пишман за бакшишот кој ќе го оставам.
За чуму е бакшиш ако немам добар муабет?
– Аферим. Ме шашардиса со овие зборови. Секој збор ти е како алтан.
(Се насмевна, а пред да тргне кон шанкот, ме праша)
Заборавив да те прашам, чунки сакаш шербет?
– Шуќур ти текна, нема ниту еден шеќер на асталов. Може, донеси.
Не шербет, за тебе ако терба и џамадан ќе донесам домаќине.
– Веднаш преминавме на домаќине? Да не се пишманиш?
Ни еќим нема да ме пишмани домаќине. Белќим не си некој арамија.
– Си имала к‘смет домаќинке. Царски збор назад не се враќа.
(Срамижливо со милозвучен глас ми кажа „сполај ти“, па се врати на работа)
За жал (или за среќа) ова е само апстрактна случка со келнерка, но ова треба да не‘ потсети дека треба да ги негуваме архаизмите и да го учиме својот јазик. Ашколсун за сите што ги разбравте поголемиот број од зборовите! 🤣
Боемот 2.0
Во продолжение може да ја видите оригиналната објава.