Аргентинскиот бенд кој свири македонска музика во Сплит стана хит на интернет по неколкуте објави кои може да ги погледнете ТУКА.
Пред нешто повеќе од еден месец го посетив Сплит, а сосема случајно наидов на аргентински бенд кој свири македонска музика. Некои од нашите омилена народни песни како: „Јовано Јованке”, „Ја излези Ѓурѓо”, „Не си го продавај Кољо чифликот” имав можност да ги слушнам директно од ова прекрасно место. Откако заврши тој спектакл пристапив до бендот и побарав нивни контакт. Тогаш објавив и видео кое беше одлично прифатено од нашата публика.
Токму оваа моја посета беше причина за новинарот @stojanovkiril од Сител ТВ да направи цела репортажа за овој аргентиски бенд и истото да се емитува на оваа телевизија. Направив најмалку што можам давајќи му го контактот од овој бенд и деталите за да организираат средба. Уште еднаш, големо благодарам до овој млад новинар за ангажманот и правењето на оваа прекрасна репортажа.
Целосната репортажа може да ја погледнете тука:
Навистина сакам да го поздравам овој бенд. Живеат на другата страна од земјината топка, а јас сакаат и придонесуваат за Македонија повеќе отколку луѓето кои живеат тука. Да го ставиме прстот на чело и да сфатиме дека кога Аргентинци може да ја сакаат Македонија, тогаш зошто не би можеле ние?
Патртиотизмот на дело. Вака светот може да слушне за Македонија, вака се негува македонска музика и ова е дефиниција за ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИЗАМ.
Уживајте и следете ги @thewall_coverband за тоа што ја промовираат македонската музика насекаде низ светот. 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰
Боемот 2.0
P.s. Изгледајте ги последните 30 секунди од видеото.