„Под лупа со Боемот“ 16.01.2022


Неделна анализа на политичките случувања

За да го растеретам мојот профил од темата „политика“ решив на крајот на секоја недела да пишувам анализа на политичката ситуација, а во текот на неделата да се занимаваме со други работи. Се разбира, исклучок ќе бидат „вонредни теми“ доколку има актуелни случки. Да започнеме…
Крајот на оваа недела на политички план го одбележа изборот на новата Влада каде мандатар е професорот Димитар Ковачевски. Иако досега бил „човекот од позадина“ кој ја извршувал функцијата „заменик министер за финансии“ македонската јавност не го знае многу. Јас лично имав пригода да го запознаам на една дебата пред неколку години. Тогаш ми остави позитивен впечаток како човек кој се посветува на студентите и човек кој има знаење од економијата. За жал на ова тло професорите не секогаш се покажувале како добри политичари. Мислам дека многу подобро ќе беше на негово место да е Деспотовски, но за жал не го изгласаа внатре во СДСМ. Иако од страна наликува дека ќе биде марионета на Заев – човекот кон кој имам најголема омраза на политичката сцена, да му дадеме шанса на Ковачевски, па да донесеме заклучок.
Ковачевски состави влада во која има исклучително малку Македонци, а многу имаат добиено коалиционите партнери како ДУИ. Не можам да разберам како сектор како „Министерство за образование“ оди кај ДУИ кога најшколуваниот во нивната партија се прашувам дали има завршено средно образование… Според мене најголемото промашување во оваа Влада е тоа што МВР остана кај Оливер Спасовски, а една од ретко добрите работи е новиот министер за правда, Никола Тупанчевски за кој читам доста позитивни коментари. Во секој случај дното одамна го доживеавме, па се прашувам дали воопшто може да се оди подоле од претходната анти-македонска Влада.
Оваа недела за првпат ги видовме несогласувањата на Димитров со Османи. Ова го кажав пред неколку објави, но генерално Димитров доцна кажува за се‘ што се случувало. Ако бил принципиелен ова ќе го направел порано.
На страна од случките во Парламентот го имам владеењето на градоначалниците кои претежно се од ВМРО-ДПМНЕ. Кај нив претежно гледаме ентузијазам желба за промени, но единствено стагнира Данела Арсовска и е далеку под очекувањата.

Будно следиме што ќе се случува…

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email