5:00 AM

5 наутро. Термин во кој што е буден секој еден кој живее неконвенционален живот.

Термин кога сум оставен на психата да те контролира. Термин кога доаѓаат најдобрите идеи, бизнис планови и животни одлуки. Термин кога се прави се‘ што се разликува од оние кои живеат „нормален“ живот. Термин во кој се наоѓаш буден пошо си претерал со учење, а испитот ти е за некој ден, времето те гази па мора да си буден. Термин кога отвораат пекарите, а ти јадеш четвртина бурек на враќање од журката. Термин кога ги дочекуваш најубавите изгрејсонца заедно со саканата под рака, правејќи депресивни муабети и се’ она што не сте си го кажале со неа во останатиот дел од денот, а потоа зборувате за еротика и алиштата паѓаат на подот. Термин кога тие што се начукале вечерта се будат од сонот и им почнува мамурлукот со зборовите „уј, како се најдов јас овде?“. Термин кога гејмерите ја завршуваат последната партија ЛОЛ, термин кога студентите го спремаат испитот, термин кога мајките ги галат бебенцата што се разбудиле од спиење. Термин кога на Сител ечи македонска музика, а на МТВ одат документарците од Паско Кузман. А позади истоимената телевизија, хуманите тетки работат за дневницата. Термин кога сфаќаш дека си се испозамарал со небитни работи и криво ти е за непотребните кавги со фамилијата. Термин кога чистачите поминуваат по улиците на градот и ги чистат лименките од улиците. Термин кога ја чекаш првата 5-ка за да се вратиш од Карпош накај Аеродром, пошо сите пари си ги поебал на журката. Термин кога Ѕифо ти бара цигара и ти раскажува за причите од Баерн Минхен. Некои ова време се будат, но јас секогаш ова време легнувам откако сум си ги завршил обврските предвидени за денот. Робин Шарма има една книга „клубот 5 наутро“ каде вели дека во овој термин се будни само успешните. А дали сме успешни е друга тема… Од мене добра ноќ, а на вас наздравје утринско кафе.

Една од одликите што ја исполнувам да бидам боем е тоа што водам навистина неконвенционален и несреден живот… И одличен ми е овој стил на живот…

Боемот 2.0 (во 5:00 – термин кога Боемот чита за крипто)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email