19 годишниот Мухамед со потекло од Македонија организирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

19 годишниот Мухамед со потекло од Македонија организирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

19 годишниот Мухамед со потекло од Македонија организирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена.

Која била целта на нападот?

Група од неколку приврзаници на Исламската држава организирале терористички напад за вечерашниот концерт на Тејлор Свифт во Виена. Првоосомничен од нив е 19 годишник со потекло од Македонија. При претресот во неговиот дом биле пронајдени хемиски супстанци и технички уреди кои се испитуваат, а веројатно биле наменети за терористичкиот напад кој би требало да се одржи вечерва.

Мухамед пред само неколку недели објавил видео на ТикТок во кое ѝ дава заклетва на Исламска држава. Според информациите, во бегство се и уште три лица кои се сомничат дека требало да бидат дел од овој терористички напад.

Спречен терористички напад и голема трагедија

Во последен момент е избегната голема трагедија. Секоја чест за австриските служби кои навремено реагираа и спречија масовно крвопролевање. Тејлор Свифт требаше да одржи три последователни концерти во Виена. Ако се земе предвид дека на секој концерт на Свифт се очекуваа по 68.000 фанови, плус 22.000 надвор од стадионот „Ернст Хапел“ замислете каква трагедија можеше да има.

Не е Австриец, а уште помалку Македонец

Многу ми се интересни насловите по портали каде стои „Австриец со македонско потекло“. Да се разбереме, типот не е Австриец, а уште помалку не е Македонец. Да бидеме претпазливи и да се молиме на Бога ваквите немили настани да ги има што помалку.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

19 годишниот Мухамед со потекло од Македонија организирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена
19 годишниот Мухамед со потекло од Македонија организирал терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email