10.000 луѓе на трибините: Дербито Вардар – Пелистер има поинаков шмек

Дербито Вардар - Пелистер има поинаков шмек

10.000 луѓе на трибините: Дербито има поинаков шмек.

Европски фудбал во Скопје

Едно дерби, две навивачки групи, три отворени трибини на кои имаше вкупно 10.000 луѓе. Неделна вечер за мерак, европски фудбал под рефлектори во Скопје. Од срце се радувам што двата најголеми македонски фудбалски клубови Вардар и Пелистер се повторно во ПМФЛ. Првата лига без нив секогаш е празна, а вака повторно се враќа стариот шмек.

Се мислев дали да напишам објава бидејќи веќе имаше по сториња. Но, само вака може да го кренеме интересот за македонскиот фудбал. Пиротехничко шоу и кореографија кај навивачите. Околу 2.000 луѓе кај Комити, бројка еквивалент на тоа кога тимот беше во Лига Европа. Бројка од околу 250 луѓе кај Чкембари што е коректно, но е далеку под најавите за 10 гостински автобуси.

Дербито има поинаков шмек

Јас седев на Јужна. Фудбалска атмосфера, пиво, грицкање сончоглед, по некоја пцовка и многу скандирања за Вардар. Изненаден сум од едно нешто – на натпреварот немаше ниту еден инцидент. Ме радува тоа што конечно и кај нас има култура за гледање фудбал, секако дека има и по некоја пијана будала ама да збориме реално сегде низ свет ги има и се составен дел од навивањето.

Почит до двете навивачки групи

Искрена почит до двете навивачки групи. Комити достојни на задачата, од пиротехника до кореографија. Кортео со стил и покрај дождот, во и надвор од стадион одлична атмосфера и многу зафрканции. Од целото навивање најмногу ми се допадна како ечеше „На овој стадион створена традиција за тебе“ проследено со добра кореографија. Чкембари пак, мора да ги пофалам за автентичната најава со спотот со коњите со која веројатно придонесоа за масовноста на јужна и западна.

Ми фалеше добар фудбал на Градски. Меѓудругото ми фалеше и кафенчето кај Вршац за пред натпревар, далеку подобро од стадионот на Маџари кој не е соодветен за прволигашки тим. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе имаме добар фудбал и МАКЕДОНСКИ клуб за шампион: Вардар, Пелистер, Тиквеш, Силекс, Брера, Работнички. Другите ги множам со нула. Сепак, има уште многу до крајот на сезоната. До тогаш, напред Вардар.

Боемот 2.0

P.s. Кој им ја мати водата на коњите? 🤣

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Дербито Вардар - Пелистер има поинаков шмек
Дербито Вардар – Пелистер има поинаков шмек
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email