Потсмевање со душевно болно лице е за казна затвор – мој коментар за апсењето на јутуберот Ритко!
До каде може да отиде човек за „лајк и субскрајб“?
Еден јутубер од Битола којшто на сите добро ви е познат се реши да глуми паметен и за „лајк и субскрајб“ се одлучи да викне душевно болно лице, па да го исмева во живо на емисија. Веќе со денови читав наслови по медиуми, но ја игнорирав темата сѐ додека утрово група будали не се собраа да протестираат да го одбранат.
Неморални дејства пред камера
Ми сугерираа да го изгледам видеото. Го изгледав и запрепастен сум. Мора да се внимава овде на вокабулар, но јавно и пред камера го тераше да зборува за секс и да извршува полови дејствија. Освен тоа му дава алкохол пред камера, го тера да се коцка, му се дере, го тера да се дере. Немање ниту трошка емпатија, се изживува со немоќно лице.
И тоа не е сѐ. Дел група на „поддржувачи“ на Ритко се собраа пред МВР Битола да го поддржат злоставувачот велејќи дека „нема доволно докази“. Со самото тоа што го поддржувате вие сте исти како него – се потсмевате на душевно болните лица. Не дај боже некогаш во животот да имате контакт со такви, бидејќи само тогаш ќе разберете што е направено.
Ритко треба да скапе во затвор
Да ми извини ромската заедница ама еден Ритко од Битола треба да скапе во затвор. Нема оправдување, а сега „лајк и субскрајб“ нека собира меѓу четири ѕида во ќелија!