Трет дел политичка анализа: Што се случува моментално и какви економски последици ќе има конфликтот меѓу Русија и Украина?

Се случи она тоа што сите се плашевме дека е возможно. Започна војна. Рано утринава сирените ја најавија офанзивата на руските воени сили. Кратко по првите експлозии на украинска територија, Претседателот на Украина Зеленски, прогласи воена состојба. Ги повика сите подготвени граѓани да ја бранат земјата, а однесувањето на Русија го спореди со постапките на Нацистичка Германија. За разлика од него, рускиот претседател се закани на оние кои ќе се обидат да ја одбранат Украина и кажа дека тие ѝ попречуваат на Русија. Тој најави дека руските санкции ќе продолжат.
За жал има жртви, загинати се војници но и украински цивили. Двете земји објавија дека убиле војници за време на нападите и одбраната.
Уште рано утринава, жителите го напуштија Киев. Своите домови ги напуштаат и луѓето каде паднаа руските проектили и се упатија најголем дел кон полската граница.
И нормално, во Македонија народот вика „Што ми менува мене ако има војна меѓу Русија и Украина“. Да почнеме од економскиот аспект. Паралелно додека вие коментирате дека ништо не ви менува конфликтот, расте цената на горивата на бензинските кога одите да наполните бензин, расте цената на парното, а ни се заканува и енергетска криза заради политички санкции.
Да зборуваме низ бројки. Конкретно, директните ефекти на надворешно-трговската размена на Македонија со Русија и Украина се ниски. Во 2021 година, Русија учествува со 0,7% во нашиот вкупен извоз, а Украина со 0,2%. Русија сочинува 1,7% од нашиот увоз, а Украина 1,5%. Но, индиректните ефекти на конфликтот знаејќи дека сите економии соработуваат ќе бидат преголеми.
Од оваа војна директно ќе се намалат странските директни инвестиции во РМ, а можно е да пораснат и каматите во банките. Со самиот пораст на електричната енергија, природниот гас и нафтените деривати ќе пораснат цените во сите индустрии, а ако се печатат пари може да дојде и до инфлација на многу валути.
Овој конфликт има големо значење за нас. Доста давате глупави и непромислени коментари „Мене ова ништо не ми менува“. Мислете малку на пошироките слики и надевајте се на мир. Нема ништо пострашно од војна.

Боемот 2.0 #StandWithUkraine

P.s. Нестабилноста во Европа веќе придонесе на светските берзи (видете и по криптото) да паѓаат акциите на многу светски гиганти, а можно е и да крахираат некои индустрии ако има евентуална инфлација.

P.p.s. Мојот став веќе го знаете, поддршка за украинскиот народ кој си ја брани својата територија!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email