Сакав ведри теми да имам на профилов вечерва, но немам енергија да пишам. Црна хроника насекаде околу нас деновиве. Од нова во нова трагедија влегуваме. Социјалните мрежи преплавени со повици за донации. А и блиските целосно ги разбирам. Кога државата потфрла туку се хуманите граѓани да помогнат. За жал, неажурноста резултира со смртта.
Се осеќам како трагедииве да немаат крај. Не зборувам за секоја „природна смрт“. Тоа е составен дел од животот. Зборувам за многуте самоубиства, убиства, сообраќајки, терористички напади. Жива депресија владее во главниот град деновиве. Влегуваме од трагедија во трагедија. Што се вели „не стигнавме ниту да ги исплачеме луѓето“. Како да не успеваме ниту асално да ги испратиме луѓето кои прерано заминуваат од овој свет.
Ниеден збор не може да го опише чувството кога ќе се изгуби некој. Губиме дел од себе, губиме дел од нас, од опкружувањето. Но, мора да бидеме и возрасни личности, па да се справиме дури и со ваквите ситуции. Претешко е, но сепак животот продолжува. Како што вели „Еден ден ќе изгубиш и близок. Мораш да прифатиш дека смртта е подеднаква со живот“.
Баш во ваквите моменти сфаќаме дека семејството и пријателите се нашето најголемо богатство. Нѐ потсетуваат кому треба да го сакаме, да шириме безусловна љубов. Нѐ тераат да го забавиме темпото на брзиот живот. Да отстапиме од тенденцијата секогаш и секаде да брзаме, туку полека да ги решаваме работите. Да сфатиме како да ни биде подобро и да не се жалиме за работи кои нема потреба. Сѐ е решливо додека има назад. (ако ме разбирате што сакам да кажам)
Секако, да бидеме емпатични. Меѓусебно да помагаме да бидеме благодарни и да го уживаме секој ден. Не би рекол дека е паметно да „живееме како да е последен“ туку да живееме разумно, без тврдоглавост, со емпатија и љубов. Да сфатиме дека фамилијата ни е сѐ и дека само со нив, нашите предци и потомци може да сме среќни. „Материјалниот свет е лага, само љубовта е вечна“.
Боемот 2.0