Сеќавање на едно старо Скопје 53 години по земјотресот…

На 26 – ти јули 1963 година се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје во точно пет часот и 17 минути, а нешто потоа и уште неколку помали потреси. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата, во земјотресот загинаа повеќе од 1.000 лица, а 3.000 беа повредени.

Со низа активности денеска ќе се одбележи 53 годишнината од земјотресот кој Скопје го направи „град на солидарноста“, откако целиот свет се крена на нозе за да помогне на настраданите и повторно да го изгради убавиот град.

Во Младинскиот културен центар вечерва со почеток од 20 часот ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“ каде ќе биде отворена изложбата „Скопје 63 – Хроника на една катастрофа“ на фотографот Бошко Фржоп од Хрватска.

Она на што сите се сеќаваат е шармот и уникатноста на градот пред земјотресот, од кој период секогаш сме расположени да гледаме фотографии.

Во чест на прекрасното, старо Скопје по кое копнеат дури и оние кои немале можност да живеат во тоа време, во галеријата погледнете неколку фотографии од тоа време кои знаеме дека ќе ве направат носталгични.

Фотографии: Kнига „Skopje – Grad Solidarnosti“ издадена во 1975-та година од НИП Нова Македонија, Група – Скопски приказни FB, Google, приватна архива 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email