Предвремени парламентарни избори во Велика Британија 2024 година

Предвремени парламентарни избори во Велика Британија 2024 година

Се одржуваат предвремени парламентарни избори во Велика Британија – 2024 година. Внимателно ги следам предвремените парламентарни избори кои денеска се одвиваат во Велика Британија. Британците одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас на изборите кои нетипично се одржуваат во четврток и се шест месеци пред предвидениот термин.

Што се случува во Британија?

Моментално, премиер на Британија е Риши Сунак од Конзервативната партија и ова е прво негово излегување на избори. Претходно, на чело на истата беше Борис Џонсон, а во 2019 година оствари победа на претходните парламентарни избори.

Во Британија Конзервативците се на власт од 2010 години и веќе 14 години се неприкосновени на оваа позиција. Во нивно време се одржа Брегзит со кој излегоа од ЕУ, но и корона кризата. Еден интересен податок е дека владите во речиси сите држави кои беа на власт додека беше короната паднаа од тронот. Веројатно истото ќе биде и со Конзервативците во Британија кои ќе ги изгубат денешните избори.

Ако анкетите се точни, тогаш на денешните избори десницата ќе падне од власт во Британија. Според анкетите се очекува лабуристичката партија да дојде на власт, а нов премиер да биде Кир Стармер.

Интересно е што се гласа од црковни сали, општински центри и училишта до поневообичаени локации како пабови, па дури и брод.

Резултатите од 650-те изборни единици ќе бидат познати на полноќ, а победничката партија се очекува да освои 326 места – прагот за парламентарно мнозинство. Изборите во Велика Британија се мнозински во еден круг. Лицето со најмногу гласови го зема мандатот, дури и да не надминал 50%.

И овие избори медиумите НЕ се транспарентни. Фајненшл Тајмс, Економист и Сандеј Тајмс, како и традиционално левичарските весници Гардијан и Дејли Мирор јасно застанаа зад лабуристите и „сееја“ невистини насочени кон десницата.

Вреди да се напомене и фигурата на Најџел Фараж кој се враќа во политиката. Неговата антиимигрантската партија Реформски блок на ќе добие само 2-3 мандати. Тој веројатно ќе стане пратник по неколку неуспешни обиди. Најџел Фараж е човекот кој го предводеше Брегзит.

Горенаведените информации беа информативни за денешните избори. Мојот став ќе го образложам откако ќе ги имаме резултатите.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email