„Под лупа со Боемот“ 30.01.2022

Неделна анализа на политичките случувања

Оваа недела во фокусот на политичката ситуација остана да биде македонско-бугарскиот спор и меѓународната седница на двете влади. Национално, споерд мене се‘ уште стагнираме. Не бележиме никаков напредок на ова поле, но има позитивни индикации дека може нешто да се смени во следните месеци.
На оваа тема, позитивно ме изненади средбата на Пендаровски со ОМО Илинден, но за жал не верувам дека нешто ќе смени и се плашам дека неговите „напори“ за да се признае македонско малцинство во Бугарија ќе останат само на зборови.

Централна тема има и новиот премиер Ковачевски. Тој продолжува да се однесува преамбициозно, што од една страна е одлично, но може да биде и лошо бидејќи ќе очекуваме премногу а нема да добиеме толку. Тој амбиозно најави невработеност под 10% што според мене е тешко и засега нереално.

Оваа недела за првпат страшно ме изреволтира Ковачевски. За него МАКЕДОНСКАТА телевизија, стана национално. Срамота! Нели со Преспанскиот договор идентитетот беше бетон? Со овие објави за првпат во него проработи „заевистичкиот синдром“ симбол за антимакедонизам.

Претходните седум ги одбележаа и многуте сообраќајки и темите отворени по нив. Тука топката се префрла кон МВР која работи далеку под нивото, а оние кои треба да ги спроведуваат законите се корумпирани. Мито е синоним за „добро утро“ во оваа институција и тоа мора да се менува.

Освен што констатно ме нервира власта, ме разочара и опозицијата. По секоја цена одат да работат деструктивно. Почнувајќи од Данела Арсовска се‘ до неодење на школо и барање онлајн настава и „комбиниран модел“. Кои глупости! Добра одлука е децата да одат со физичко присуство во школо. Како десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ мора да се залага за олабавување на мерките за Ковид бидејќи идеолошки десницата се залага за слобода и враќање на животот во нормала.

Од помаите партии претходниве денови нема некоја новост која би ја издвоил освен дека Левица имаше некои позитивни коментари околу апанажата. Што и не е ништо ново доколку ги следите подолг период.

Будно следиме што се случува… Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email