„Под лупа со Боемот“ 23.1.2022

Неделна анализа на политичките случувања

Претходната недела на политички план ја одбележа стапувањето на Димитар Ковачевски на функцијата премиер на Македонија, како и неговата работна средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков. Од моја перспектива, средбата помина очекувано. Без конкретни решенија, но со доза на оптимизам за разлика од претходните случувања. Нејасно ми е како по скандалозната изјава на Петков дека не постои македонско малцинство во Бугарија, не реагираше доволно остро опозицијата. Моето гледиште на оваа тема е дека со Бугарија треба да зборуваме за теми за иднината, а не за историја. Целиот проблем со Бугарија лежи во јазикот, односно тие целат кон насока ние да се откажеме од македонскиот јазик. Не верувам дека некогаш би го направиле тоа нашите политичари, дури и од СДСМ. Оваа посета ја одбележа и фејк њузот на вмровските медиуми дека била скратена химната кој не е точен. Химната не беше скратена и воениот оркестар ја свиреше како и секогаш.
Оваа недела ја одбележаа и новите министри за кои уште е рано да се каже некој збор.
Исто така, неделава и Мицкоски му понуди избори на Ковачевски. Мислам дека џабе се ваквите понуди. Во следните некоку месеци (ако не и година) опозицијата не треба да се замара со предвремени избори бидејќи штотуку се состави новата Влада. Мислам дека немаат поента ваквите понуди бидејќи само се создава одбивност кон народот од овие „понуди“. Но, овде Мицкоски имаше и една добра понуда според мене, а тоа е ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА. Ако малите партии како ЛДП и ДС ја одбијат оваа понуда, тогаш дефинитивно ќе се види дека се играчи на СДСМ.
Од локалната политика го имавме првиот снег. Градоначалниците генерално добро се справија со снегот, но да бидеме искрени и количините не беа големи. „Македонија пат“ одново со пропусти. Оваа недела излезе на виделина и скандалот од „Демократски сојуз“ кои со години наназад користеле службени возила на државна сметка за приватни потреби. Сега, откако се откри за јавноста, некој мора да поднесе одговорност.
Оваа недела и Апасиев имаше одличен говор во Собрание за новата влада. Човекот е одличен оратор, но не нуди доволно решенија. Сепак да му дадеме шанса.

Будно следиме што се случува… Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email