„Под лупа со Боемот“ 06.02.2022

Неделна анализа на политичките случувања

Зад нас имавме релативно мирна политичка недела. Како главни случки оваа недела можам да ги издвојам првата посета на Ковачевски во Брисел, а таму средби со Столтенберг и други значајни имиња кои (сакале или не) ја диктираат политичката ситуација на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.
Ковачевски, како и целата владејачка структура неделава беа во центарот на вниманието за одбележувањето на 150 години од раѓањето на Делчев кои направија се’ за добрососедските односи, освен да кажат кое е неговото дело за Македонија. Но, за жал ова не ме ни чуди бидејќи последниве години секогаш е исто.
Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ доби нови потпретседатели. За темава мислам дека доволно кажав на story во текот на неделата, ми се допаѓа тоа што нови и млади имиња. Се надевам дека нивните мислења нема да бидат потиснати од некои членови кои ја донеле партијата на ова дереџе и ќе се слушнат новите прогресивни идеи. Кога сме веќе на тема ВМРО-ДПМНЕ тука е и идејата на Мицкоски за 90 наместо 120 пратеници. Оваа идеја ја поддржувам бидејќи така се кратат трошоци и сметам дека и власта треба да го поддржи ова, исто како и една изборна единица од која најмногу ќе добијат малите партии како „Левица“.
Кога ја спомнав „Левица“ веднаш ми текна на интервјуто на Доктор Горан со Апасиев. Одлично интервју, најмногу ми се допадна тоа што Апасиев јавно и без влакна на јазикот зборува против ДУИ. Но, се плашам дека ова ќе остане само на зборови и нема ништо да се смени во пракса.
Неделата ја одбелеаа и скандалозните изјави на Рашковски „пари од крштевки на децата“ и излегувањето од притвор. И мало дете се смее на изјавите, затоа сметам дека не се вредни да ги коментирам. Срамота, трагикомично за целата нација.
За крај, оваа недела во центарот на вниманието е и Законот за минимална плата и истата да се покачи на 18.000 денари. Иако сите трошоци растат и убаво би било да порасне минималната, сепак мора да се внимава истото да не е вештачки. Во текот на следната недела ќе направам детална анализа на оваа проблемика, сега за сега доволно е да знаете дека се согласувам со ставот на Славески – не за вештачко зголемување на истата.

Будно следиме што се случува… Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email