Парите се отепувачка – АКО ГИ НЕМАШ

Како помал, кога и да сум им спомнел пари на моите родители, тие секогаш ми го цитирале насловот на драмата од Ристе Крле „Парите се отепувачка“ алудирајќи на тоа дека (според нив) парите се за алчните, злобните, нечесните луѓе…

Сега, откако пораснав и почнав да согледувам колку се значајни парите за живот во денешно време, слободно можам да кажам дека се согласувам со нив. Во право биле дека парите се отепувачка… Но, не ми ја кажале целата реченица изгледа… Парите се отепувачка АКО ГИ НЕМАШ.

Во денешно време парите се најзначаен дел од нашето живеење. Свесно или не, парите ни одредуваат се‘. Каде ќе излегуваме, каде ќе одиме на одмор, со кого ќе се дружиме… Не само тоа, парите ни го одредуваат нашето расположение, муабетите и слично… За жал, кавгите во многу семејства доаѓаат токму заради оваа причина, а тоа е недостатокот на финансии.

Пред да зборуваме за недостаток на финансии, убаво е да зборуваме и за недостаток на финансиска едукација. Прост пример: дали знаевте дека 90% од луѓето кои добиваат милион на лотарија во Америка за неколку години после тоа остануваат на улица? Знаете ли зошто е тоа така? Бидејќи немаат финансиска едукација, која за жал ја немаат и многу Македонци. Дајте им 1000 евра на располагање, наместо да ги искористат на нешто продуктивно ќе ги потрошат да се курчат со моети по дискотеки… Доколку имаме финансиска едукација и знаеме како со парите тогаш тие нема да ни бидат отепувачка. Јас не сум видел добро финансиски стационирано семејство кое се жали дека парите се отепувачка, наспроти лошо стационирани семејства на кои навистина парите им се отепувачка.

Да поентирам: Ако парите чесно ги заработуваме тогаш целиот наш живот ќе ни биде полесен, поудобен и пофлексибилен. Парите даваат комодитет и убаво е да ги имаме. Живееме во капитализам, ера на можности и предности. Искористете ги можностите наместо да наоѓате мани на овој систем. Парите може да ни бидат отепувачка единствено ако ги немаме!

Боемот 2.0

P.s. парите ако беа отепувачка немаше сите млади да целат да одат во странство…

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email