„Не се замарам со политика“

Заради вашето „Не се замарам со политика“ сега стигнавме до дереџе каде:

– Треба со недели да чекате за да се јавите за да закажете за промена на вашиот ВАЖЕЧКИ пасош
– Откако конечно ќе добиете термин да треба да чекате тешки редици да се сликате
– Таман доаѓа ваш ред да се сликате, па преку ред ви се буткаат „само да прашам“ фацки
– Конечно се сликате, одите по 15 дена да подигнете и ви велат: немаме обрасци, има проблем
– По 30 дена конечно одите да го земете новиот пасош, а преку ред ви удираат лакти, па со денови одново се мачите да го подигнете
– Откако ќе го подигнете пасошот, сакате да излезете од државата со кола
– На граница ве враќаат назад бидејќи на табличката не ви пишува НМК
– Се враќате назад, земате налепница НМК, и пак сте вратени, овој пат бидејќи на сообраќајната не ви пишува Северна
– Пак се враќате назад по автопатот „Пријателство“
– Се откажувате
– Ја гасите колата, се качувате во авион на аеродромот „Skopje international airport“ кој некогаш беше „Александар Велики“
– Како некогашни Македонци, сега „македонско државјанство/ граѓани на Република Северна Македонија“ си одите од државата.
Понижени, обезличени и украдени… Ама битно вие „не се замарате со политика“.
Не може така пријатели. Најмалку што може да направите е да излезете на избори и да гласате. Видовме дека ако се сака, се може. СДСМ е најголемото зло во модерната историја.
Излези и гласај за промена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email