„Не можам да издржам ме фаќа сафра“. Скопје стана како предградие на Детроит. Две мафијашки пресметки за помалку од 24 часа. Утрово се пукаше среде Мавровка во близина на факултетите, синоќа се пукаше во Ченто. Пред неколку месеци бевме на сведоци на пукотници во чаршија, а во приградските населби тоа е секојдневие.
До кога?
Mафијашки пресметки, силувања, семејно насилство, рекети… Црната хроника постојано е главна тема во медиумите. За соседството воопшто и да зборуваме. Ако во Западна Европа во секоја држава има мафија, на Балканот е обратно: мафијата има држава. Белград, Софија, Приштина и Тирана се еквивалент на ова, ако не и далеку поопасни од Скопје. Сведоци сме на масакри, несреќи и масовни убиства.
Епилогот беше извесен
А што очекувавте? ЕПИЛОГОТ БЕШЕ ИЗВЕСЕН. Што размислувавте? Во целиот регион по телевизиите и социјалните мрежи се популарни оние кои најмалку заслужуваат. Што очекувавте кога почнаа да се снимаат документарци за пропаднати ликови како Кристијан Голубовиќ, а младината чита книги за Пинк Пантер мафија и Оливера Ќирковиќ?
Сите потфрливме. Заборавивме на добри манири, фамилија и религија. Заборавивме да си поминеме убаво ако нема алкохол, дрога и цигари. Почнавме да го нормализираме ненормалното, а „мафијањето“ и „Јужни ветар“ да бидат водилка за младите луѓе.
Се пукаше на неколку минути од УКИМ
Утрово во Скопје се пукаше на неколку минути од комплексот факултети на УКИМ. Жално, но и језиво за гледање. Сите се чувствуваме небезбедно, верувам дека на сите ни доаѓа да отидеме на планина и да се тргнеме од градскиве гужви.
Суштина
Веројатно за текстов ќе мислите дека зборувам неповрзани работи и ќе ми реплицирате со тоа дека мафија отсекогаш имало и дека ќе ја има. Ве разбирам, не викам не. Но, дајте тоа да го елиминираме. Дајте еднаш засекогаш да почне да се РАЗМИСЛУВА НА СУШТИНА, на процес, а не на заташкување на нештата и краткорочен Пи-ар.
Темава е деликатна, долга и опширна. Има двајца уапсени за денешното убиство уште веднаш. Ја охрабрувам полицијата да биде на висина на задачата.
„Не можам да издржам ме фаќа сафра“
Не знам што да кажам освен легендарните стихови на САФ: „Не можам да издржам ме фаќа сафра“!
Боемот 2.0