Измами на интернет: Како да се заштитиме?

Секојдневно сме сведоци на тоа дека многу луѓе, особено повозрасните генерации наседнуваат на интернет измами.
Под интернет измами се подразбира давање погрешни податоци или криење информации. Тоа е еден вид сајбер криминал чија цел е жртвите да се искористат за добивање пари, имот или наследство.

Поентата на оваа објава е да се заштитиме, но и да разбереме дека НЕ постојат БРЗИ ПАРИ, а таквите ветувања се ИЗМАМА.

Според анкетите, овие се најчестите измами на интернет:
1. Измами во инвестиции или во онлајн купување (Ги наведуваат жртвите да мислат дека ќе вложат паметно)
2. Лажно претставување (кражба на идентитетот).
Пример, преку „пријатен разговор“ ги наведуваат жртвите да ги откријат своите лични финансиски податоци или да им уплатат парични средства (може и преку СМС или преку електронска пошта)
3. Кражби на личните податоци (ги земаат од социјалните мрежи и од медиумите)
4. Неиспорачување на нарачаните производи
5. Измами со кредитни картички и чекови
6. Лажни профили и интернет страници
7. Брендирани производи (на пример облека, телефони, техника од познати производители по неверојатно ниски цени)
8. Романтични измами (Измамниците се преправаат дека се заинтересирани за романтична врска и така ги наоѓаат своите жртви)
9. Крипто измами (Onecoin, Lyoness облаци…)
10. Банкарски измани (повозрасните се сеќаваат на Штедилница ТАТ, а актуелен е и примерот со пропаѓањето на Еуростандард банка кога беа измамени потрошувачите, оваа банка е поделикатен пример, но нема да навлегувам во деталите)

На анкетата добив различни сведоштва и примери од моите читатели:
1. Објавување лажни слики од „познати“ страници.
„Нарачувам фустан – туника, ми стигнува џемпер. И јас излегов крива оти сум нарачала големина С, а не М или Л.
2. Претставување под лажно име
„Добивам порака: Јас сум принцеза од Мароко и заглавена сум на граница. Пуштете ми 1000 евра, кога ќе се вратам дома ќе ви дадам милион…“
3. Барање лични податоци за да се изврши трансакција:
„Болен сум од тешка болест, ќе ти го оставам наследството…“
4. Лажен маркетинг:
„Закажав шминка и фризура во еден салон. Сликите беа преубави, но очигледно станува збор за добар фотошоп. Мојата шминка и фризура беа катастрофа, кога дојдов дома се средував сама…“

Нашите секојдневни активности на интернет (пример користење мејл адреса, правење онлајн нарачки, отворање линк и сл.) може да нѐ одведат до вакви измами кои сакаат да ни наштетат. Еве некои совети за заштита:
– Не отворајте непотребни линкови
– Инсталирајте анти-вирус програми
– Бидете внимателни кога се поврзувате на јавни мрежи
– Избегнувајте бесплатно полнење на вашите уреди во трговски центри, хотели, аеродроми
– Заштитете ги своите пари и информации

Заклучок: За крај ќе ја искористам познатата македонска поговорка „НЕ СЕ ЈАДЕ СЀ ШТО ЛЕТА“. Затоа не верувајте на сѐ што ќе прочитате на интернет. Не верувајте на високи заработки, не верувајте на пари преку ноќ, не верувајте на онлајн наследства и слични нереални глупости. Не постојат никакви шанси да заработите 100% заработка и секогаш имате ризик. Особено бидете претпазливи кога во прашање се штедните влогови кои ветуваат повеќекратна заработка.

Јас им верувам на моите пријатели од @finansiska.inteligencija, а тие секогаш знаат најдобро да менаџираат со моите средства. Истото ви го препорачувам и на вас! Контактирајте ги за повеќе информации.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email