Србија утре гласа. Се одржуваат претседателски, парламентарни и локални избори во 12 општини и Белград, а моето внимание утре ќе биде насочено на овие избори во соседството.
Јас деновиве се опседнав читајќи за изборите, а другариве ме прашуваат „зошто толку се замараш со изборите во Србија?“. Па како да не се замарам… Од Србија добиваме вакцини, пченка, пченица. Јас на моменти се осеќам дека повеќе треба да му плаќам данок на Вучиќ отколку на нашава неспособна партија на власт. Навистина многу зависиме од Србија, а тоа се докажа во кризните париоди. Се плашам дека ако сега настане нафтена или енергетски криза пак ќе се молиме кај Вучиќ.
Да бидам искрен, немам фаворит на утрешните избори, но моето мислење е дека партијата СНС на Вучиќ ќе добие уште еден мандат. Вучиќ и понатаму ќе биде претседател на Србија и според мене политичар кој ќе биде лидер во регионот како и до сега. Вучиќ сметам дека „ќе се прошета“ и ќе добие уште една изборна победа. Можеби на многумина не им се допаѓа, и навистина има причина за тоа, но факт е дека тој за Србија направи многу.
Во оваа објава уште еднаш ќе потсетам дека Србите се народ кој навистина ни е близок и треба да продолжиме да имаме пријателски однос, но македонските србомани се најлошото нешто што може да постои на светот. Редно време е македонските србомани да сфатат дека нивна држава е Република Македонија и дека се граѓани на оваа држава. Време е на прво место да си ја стават Македонија. За наше добро.