Во животот може да направиш само две грешки: Да не почнеш никогаш или прерано да се откажеш!

Летово го читав бестселерот од Харв Екер „Тајните на милионсерскиот ум“, а претходно ја читав книгата „Напред“ од Хауард Шулц. Две книги кои ги запечатија моите гледишта кон капитализмот, две книги кои беа само продолжение на постулатот и на моите први бизнис чекори со книгата „Богат татко – сиромашен татко“. 
Од овие книги мојот краток заклучок би бил дека секој сам е кројач на својата судбина, можностите се насекаде околу нас и ние мораме да ги искористиме. Овие книги ми помогнаа да престанам да верувам на утопистичкиот свет на социјалистите и нивниот „мрак“. Со ова ги проширив моите гледишта и наместо „просек“ и „златна средина“ почнав да размислувам за „успех“ и „богатство“.
Па, така почнав да размислувам и за инвестиции, сопствен бизнис и да немам страв од неуспех. Сфатив дека во животот може да направиш само две грешки: Да не почнеш никогаш или прерано да се откажеш. Затоа сега сум посветен на мојот мулти левел маркетинг, на мојата постојана работа, а освен тоа инвестирам во пари во финансиски фонд. Фондовите се супер, а мене навистина криво ми е што не сум знаел порано за ова и сум оставал инфлацијата да ми ги јаде парите.
Треба да се размислува за иднината. Штедењето е интересна идеја, но зошто да не размислиме за инвестиции? Зошто да не размислиме за сопствени бинзиси и многу финансии, наместо онаа социјалистичката поговорка „наведната глава, сабја не сече“. 
Време е да се одвикнеме за златната средина и да размислуваме широко. Наместо „ќути може и полошо“, можеби треба да размислуваме во насока „МЕНУВАЈ, ИМА И ПОДОБРО“!

Боемот 2.0 #EnjoyCapitalism

P.s. за финансиски совети и инвестиции можете да им пишете на дечките од @finansiska_inteligencija

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email