СВЕДОШТВО: ОД РАБОТА НЕМА СРАМОТА

СВЕДОШТВО: ОД РАБОТА НЕМА СРАМОТА

Бев во кафана со едно поголемо спонтано собрано друштво. Класика првпат се запознаваме, па правиме муабети меѓу кои „што и како си со работа“. Го прашуваат еден од дечкиве „што работиш“, а он им вика: „Ништо, студент сум“. Е сега, јас знам дека не е само студент и знам дека нон-стоп работи, забележувам дека му е непријатно да каже, а патем ни јас не знам со што се занимава.

Го викам на само и со родителски пристап: „Брат, абе знам дека нешто работиш, ама зошто овде викаш дека си само студент“. Дечково веднаш ми признава… „Брат работам молерај ама кај и да кажам ми се потсмеваат. Имам 19 години, на мојава генерација ако им кажам дека сум молер веднаш ми се потсмеваат, особено девочињата“. А дечково мирен, приметува дека сум разбран и продолжува. „Викендов со другарче фативме една хала за два дена работа поделивме 350 евра“. Му реков дека е будала што ќути и дека од сега со гордост треба да кажува дека е молер. Впрочем, истите тие кои му се потсмеваат утре први ќе го побараат кога ќе реновираат. Му викам, на тие што му се потсмеваат да им наплати двојна тарифа утре кога ќе им затреба во животот.

Жал ми е што живееме во општество каде чесните се ставени на маргините, а оние со парите од тато (овие што носат маички со големи логоа) се главни фацки. Ми се гади од шема „урбано скопјенце“ кои главна преокупација им е скапо хоби, а со потценувачки пристап се кон чесните дечки кои сами пробуваат да се кренат од калта.

Магационери, хигиеничари, келнери, молери. Нема потреба да се срамите од вашата работа ако чесно го заработувате вашиот „леб“. Нема поента! Нека се срамат тие што одат по елитни ресторани со криминалните пари на мама и тато, а не вие кои работите цел ден да помогнете дома. Секогаш држете ја главата горе бидејќи ОД РАБОТА НЕМА СРАМОТА.

Боемот 2.0

P.s. Еден банкар што е во кошула заработува 32.000 денари. Вие, занаетчиите, во најлош случај заработувате двојно повеќе. (Имам другар кој мести клими заработува над 1.500 евра месечно). Главата горе дечки, да сте живи и здрави. На крајот од денот спиете мирно – нешто кое нема цена!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email