Денешните „инфлуенсери“

Шернуваат крадени мемиња и веќе готови видеа. Го прикриваат името на тие што го напишале и они се прославуваат со нечија слика/видео/вест. Пишуваат кликбејт наслови само колку им отвориш.
Никогаш не заземаат СТАВ. Само седење од страна и терање сеир, а мислење за нешто да кажат да имаат влијание, НУЛА. Имаат СТРАВ, наместо СТАВ. Прати им некоја вест. Ја шернуваат на стори и само прашуваат па другиве гласаат да/не. Па ако сте влијателни пишете мислење, заземете страна, покажете и поведете ја масата народ која ве следи. Најлесно е да се биде на страна и да се тера сеир, тоа е елоквентно на мубаетот „ќути има и полошо“, „ќути барем си пријавен“.
А за полуголите слики? Искрено нив ги разбирам. Зошто? Пошо и машките што имаат добро тело се сликаат, а и женските со добро тело се сликаат. Јбг, сите имаме некоја тенденција на социјалните мрежи да го покажуваме најдоброто од нас. Но мене ме нервира само едно нешто. Зошто ако некоја се слика полугола одма добива епитет „инфлуенсерка“? Два збора не знае да сврзе, последна прочитана книга „Касни-порасни“, ама битно била инфлуенсерка. Со дескрипшни од Pinterest кои ги преземаат ко свои.
Се изгуби значењето на зборот инфлуенсер. Единствено мило ми е што со текот на годините популарноста на телото, (без разлика дали машко или женско) веќе никому не е приоритет, а тогаш на сцена настапува интелектот. И покрај сите гомнарии и сите горенаведени кои претпоставувам дека се пронајдоа сепак сум оптимист и сметам дека сфаќаат кој навистина влијае и на луѓето им покажува насока.
Преземање аргументиран СТАВ, одговорност и влијание, а не yes/no прашање на story или полуголи фотки за фама. НАРОД ГЛЕДА!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email