Зошто сите молчат за криминалната банда наречена „Комисија за полагање градска“?

„Организирана мафија“ – тоа е единствениот термин кој може да ја опише комисијата за полагање градска со автомобил и целиот тој организиран систем исполнет со корупција.

Сите имаме слушнато како некои извозеле добро на полагање за кола, но бутнати се заради измислени грашки како на пример (невидлив) пешак. Секојдневно еден куп тинејџери и студенти се мета на буткање за кола само за да им земат денар повеќе. Измислуваат банални примери и чекаат да им понудиш мито за да положиш.

Јас положив градска дури од четврта и кога ќе се сетам на тој период моткање до АМСМ, па назад, па уплатници, па дополнителни часови тоа за мене е ТРАУМА. Вториот пат кога полагав градска возев повеќе од 35 минути и на крај ме бутнаа за работа за која не бев ни крив – ме бутнаа заради нефункционалниот менувач на колата со која што полагав. Ова е само еден пример дека комисиите за полагање градска во Скопје се наместо да ги учат кандидатите како правилно да возат, тие се машини за правење пари.

Колку бедно, колку ниско, колку неферски. За што земате толку пари? Зошто не им оставите на оние кои заслужуваат да положат кога ќе заслужат? Во која држава во светот има буткање за кола по 100 пати само за да се прават пари! Корумпирани комисии и наредби за намерно буткање! Како не ви е срам? До кога ќе се гледа дали кандидатот полага од прва или од петта?

Апелирам да реагираат надлежните (ако воопшто има такви) за конечно да се реши овој проблем. Комисиите за полагање за кола се ОРГАНИЗИРАНА МАФИЈА. Земаат од лебот на чесните, за да се богатат криминалците. Не барам ништо повеќе освен правда. Правда за оние на кои нечесно им се земени парите!

СТОП ЗА НЕЧЕСНОТО БУТКАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ГРАДСКА!

СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email