Западна Европа повеќе не личи на Европа

Западна Европа повеќе не личи на Европа

Западна Европа повеќе не личи на Европа. Популарниот „вурст“ е заменет со донер. Неделната литургија во црква е заменета со петочко пладневно молење во џамија или на улица. Библијата со куран. Пивото со ред бул. Баварската традиционална носија со бурка. Ривалството меѓу Дортумунд и Шалке е заменето со Фенербахче и Галатасарај. Берлин е новиот Кабул. Франкфурт е новиот Багдад. Фин, Петер и Томас сега се Мухамед, Абдул и Мустафа.

Западна Европа

Западна Европа повеќе не е иста. Западна Европа личи на Близок Исток или Африка. Не сакам да сум претенциозен, но навистина мора да сме како Европејци свесни за последиците. Јасно ми е зашто се спроведоа ваквите политики на Меркел и дека сѐ тоа е за работна сила, но понекогаш економијата треба да биде во втор план, а на прво место да се стави БЕЗБЕДНОСТА!

Европските либерали се класични јаничари и поданици за лично богатење. Европа допрва ќе ги осети последиците од масовната пропаганда на „refugees welcome“ и истата, за жал, ќе им се врати како бумеранг. Време е за десничарски политики како „storng border protection“, а европските народи конечно да се освестат кои се последиците од масовната миграција!

Миграција

Воедно, време е да се ценат квалификации, а не само да се возвишуваат малцинствата само заради тоа што се. Исто така, време е да разграничиме „мигранти” од „бегалци” и да се знаат оние кои се нелегално дојдени и тие да се санкционираат. Нека има миграција, од таа нема бегање, но нека биде контролирана.

Често патувам и последниве години веќе е страшно – Западна Европа целосно го смени својот изглед. Западните метрополи кои ги сметаме за бастионот на културата на „Стариот континент“ веќе не се исти, а просечниот Европеец тивко изумира.

Враќање на нашинци?

„Позитивната“ страна во ова ја гледам единствено дека заради многуте мигранти кои ќе пристигнат од Блискиот Исток во Западна Европа многу наши луѓе ќе решат да не се иселат таму, а фамилија ќе решат да градат овде во Македонија. Веќе познавам примери кои се вратија од Германија токму заради ова, а и фамилии кои се откажаа од преселба таму.

Европа на Европејците 💪

Боемот 2.0

P.s. Добри луѓе постојат од секакви нации. Особено мора да напоменам дека Турците се целосно интегрирани и коректни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Западна Европа повеќе не личи на Европа
Западна Европа повеќе не личи на Европа
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email