(ВИДЕО) Сакам луѓето да ме препознаваат по моите ставови, а не по „дојавувачот на бомби“

Конечно собрав храброст и јавно проговорив за моето приведување и целата драма во текот на претходниот месец. Добив многу покани за емисии, а одлучив да гостувам кај Кристијан Ландов од А1 Он каде снимивме емисија каде ја објаснувам целата ситуација околу моето приведување на втори ноември околу лажните бомби по средните скопски училишта.

Во продолжение може да погледнете исечок од моето гостување:

Ова е само исечок, а во текот на целата емисија зборувавме на многу теми вклучувајќи ги и моите ставови на одредени општествени теми, моите заложби и погледи кон политиката. За деталите околу моето апсење и овие прашања може да ја изгледате целата емисија.

Освен оваа емисија, гостував и на Инстаграм LIVE на профилот на Доктор Горан, а целото гостување со него може да го погледнете ТУКА.

Уште еднаш, големо благодарам на сите мои искрени пријатели кои во ниту еден момент не се посомневаа во мојата невиност за овој случај.

Отсега, „анонимното“ станува официјално. Продолжуваме појако 💪

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email