Три години административни бариери: Македонец од Холандија не може да добие македонски документи

Во држава кадешто секој добива документи, секој прави што сака и во правото владее анархија, младиот Македонец по мајка Хенри веќе три години се влече по судови и не може да добие македонско државјанство.

Пишува: Боемот 2.0

Хенри де Грааф по потекло е од Виница, а неговата цел е да добие државјанство за да може повеќе време од годината да седи во нашата земја. Иако, го зборува македонскиот јазик, од надлежните институции упорно го одбиваат велејќи дека е „престар за државјанство“.

Навистина е жално тоа што не ги цениме луѓето кои можат да ѝ помогнат на Македонија и им правиме административни пречки да добијат наши документи. Уште поголем парадокс е тоа што документи од нашата држава имаат многу криминалци кои ниту живеат, ниту доаѓаат тука.

Затоа, апелираме МВР, Вишиот управен суд и сите надлежни институции да делуваат во интерес на Македонија и на Хенри да му доделат државјанство!

Во продолжение може да го погледнете неговото интервју за Сител ТВ:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email