Пошироката јавност веќе години наназад е со поделено мислење на темата „легализација на марихуана“. Иако е малку контроверзен и за многумина неочекуван мојот став, јас сум ЗА легализација на оваа билка, пред сè од економски причини.
Пишува: Боемот 2.0
Да не се лажеме, секој втор од младите пуши марихуана. Доколку се легализира истите луѓе ќе продолжат да пушат, само што на овој начин државата ќе има бенефит од собирање даноци при купопродажбата. Не само тоа, така младите би пушеле проверена марихуана, а не арачиновски глупости.
Време е да изготви законска рамка со која Скопје ќе стане Амстердам, ќе може да купуваат само полнолетни, а не како сега секој малолетник. Преку легилизирање на марихуаната ќе добие многу на економски план, а така ќе се сузбие и нелегалната продажба. Згора на тоа, ќе станеме балканска туристичка атракција за млади.
Секој еден кој разбира економија сфаќа дека Македонија многу ќе добие од оваа мерка. Време е да се слушне гласот на младите и марихуаната освен медицински да се користи и за рекреативни потреби. Legalize it 🌿 😎
Боемот 2.0
P.s. Далеку сум од личност која е зависник од оваа тревка, но ова е одлична можност за да се кренеме на економски план и со легализацијата да направиме економски бум. Да размислуваме либертаријански 🥳