Што се акции и зошто се атрактивни?

По долго време конечно сум сведок дека меѓу младите се зборува за финансиски теми како: инвестиции, акции, криптовалути. Искрено, многу ми е мило што конечно младите се освестуваат и прават просперитетни муабети. Сè е тоа убаво, но пред да инвестираат сметам дека треба убаво да прочитаат што се акции и на кој принцип фунцкионираат. Токму затоа заедно со моите другари од @drzhivoda напишавме текст на оваа тема.

Зошто сите трчаат да купуваат акции? Што се акции и зошто се толку атрактивни?

Најчесто некоја компанија кога има потреба да зголеми капитал, лимитирана е со средства и бара начин како да се здобие со средства, а тоа да не е преку задолжување (кредити).
Со акциите компанијата се одлучува да продаде дел од својата сопственост. Секоја акција е всушност документ за сопственост на дел од компанијата. Секој акционер е сопственик на компанијата. Колку повеќе акции = повеќе % од компанијата поседува. Кога ќе има поголем број на акции акционерот процентуално, има придобивка да гласа на акционерско собрание за најразлични одлуки кои компанијата ќе ги носи.

Акцијата почнува со одредена цена кога првпат компанијата ги издала (емисија). Од овој момент цената зависи од понудата и побарувачката (колку повеќе луќе сакаат да ја купат акцијата, цената ќе расте, и обратно).
Кога купувате акции на берза, вие не ги купувате од компанијата или од некој магичен бунар без дно, вие ги купувате од некој друг акционер што решил во тој момент да ги продаде.

Зошто сите купуваат акции?

Едноставно – сите сакаат да бидат сопственици на успешна и реномирана компанија со светла иднина. Колку компанијата работи попрофитабилно, така ќе расте и интересот – со тоа и цената.

Ова е само на кратко напишано за акциите, но на оваа тема и понатаму ќе има објави на мојот профил. Јас лично имам купено акции и често читам на оваа тема. Според мене иднината е во акциите, а начинот на живеење во светски рамки се менува па затоа мора да се прилагодиме. Истражете го пазарот и паметно инвестирајте. Капитализмот функционира!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email