Италија доби нова влада. За првпат во историјата на оваа држава таа ќе биде предводена од ЖЕНА, Џорџа Мелони. Десниот блок кој го води партијата „Браќа на Италија“ освои уверлива победа и во долниот и во горниот дом на италијанскиот парламент. Во коалција со неа се Форца Италија на Берлускони, и крајно десничарската партија Лига на Салвини.
Оваа ЖЕНА успешно ја ребрендираше својата партија, а во претходните неколку месеци се покажа во најдобро светло на телевизиските гостувања, на секоја дебата и токму на тоа се должи нејзината уверлива победа.
Џорџа Мелони е 45-годишна ЖЕНА, новинарка родена во Рим. Во држава каде што е претежно забележувано владите да се предводени од мажи, таа успеа самата да се пробие и како ЖЕНА успеа да направи многу промени.
Се разбира дека во текстот погоре неколку пати намерно алудирав на терминот „ЖЕНА“, за да бидам како феминистките кои секогаш на прво место ставаат тоа дека е жена, а не нејзините квалификации. Сепак, во овој случај мене поентата ми е друго.
Победата на Мелони како жена ја покажа парадоксалноста на феминистките. Кога станува збор за жена која е левичар тие безрезервно ја поддржуваат, а овој пат дека женскиот кандидат е со десничарски убедувања тие ќутат и нема честитки. Не само тоа, туку има и навреди кон неа дека имала „фашистички сфаќања“. Памтам, кога се зборуваше за Хилари Клинтон жените од цел свет пишуваа како треба да се поддржи женски кандидат, а сега? Некако заборавија на што зборуваа пред кратко и само си ги покажаа нивните контрадикторни сфаќања.
За жал феминизмот почна да претставува движење кое се употребува само кога имаат потреба. Сте приметиле ли дека многу женски се феминистки само по потреба?
Кога им одговара феминизмот се феминистки, а во останати ситуации се како: „женските имаат предност”, „еј, ако може помогни ми – женско сум” и слично.
Не сакам да бидам погрешно сфатен и навистина не сакам да се расправам со никој, но ако веќе имате некои ,,феминистички идеали”, (кои за мене се несфатливи) останете доследни на нив, а не да бидете феминистки само кога ќе ви притреба! Честитки Мелони!
Боемот 2.0