Не е сè така како што изгледа!

Авичи создаде многу хитови и сите го сметавме за најдобар ди-џеј, мислевме дека животот му е нареден, но всушност тој пател од депресија и затоа си нанесе самоубиство. Кога гледаме дека некој се смее, се забавува и на инстаграм се покажува во најдобро светло, забораваме што се наоѓа зад камерата и дека истиот тој има свои животни проблеми и мани. Забораваме на болестите, анксиозноста, фамилијарните проблеми, смртните случаи и секаквите животни приказни. Ете, никаде не е сè така како што изгледа.

Пишува: Боемот 2.0

Рајан Гигс има одиграно 963 натпревари за Манчестер Јунајтед и никогаш нема добиено црвен картон, но затоа пак имал секс со жената на брат му. Кире Лазаров е ракометна икона за Македонија, ама надвор од терените рекламира брзи кредити и ја навлекува младината на најголемото зло. Милош Биковиќ е великан кога во прашање е филмската индустрија и има пари за идните 10 генерации, но исто како Лазаров рекламира кладилници и брзи кредити. Овие јавни личности ми се пример дека не е сè така како што изгледа.

Многу свештеници проповедаат морлани вредности, а самите го прекршуваат својот збор. Многу религиозни лица (особено во исламот), прават строг пост со храна, а си ги вараат своите жени, пијат алкохол и конзумираат дрога. Многу политичари (особено кај нас) често го користат во навредлив контекст зборот наркомани, а самите тие се зависници од кокаин и слични дроги. Хипокритите ги има насекаде, а навистина само докажуваат дека не е сè така како што изгледа.
Кога гледаме некој спорт, многу е лесно зад екранот да диригираме дали некој да подаде, шутира или асистира, но на теренот е далеку потешко отколку пред екранот. Кога зборуваме за „богатите“ лесно ни е да речеме „види го си го наредил животот“, но забораваме секој успешен човек каква жртва направил за да стигне до успехот кој моментално го има. Милионерите од Вол стртит имаат конто кое можеме само да го замислиме, но тие работат по 16 саати дневно. Воопшто не е лесно тоа, не е сè така како што изгледа.

Не е сè така како што изгледа, или да искористам една македонска народна поговорка: „Не е злато сè што свети“. Бидете внимателни пред да судите некој човек. 💛

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email