Не дозволувајте инфлацијата да ви ги јаде парите!

Многу често слушаме како постарите генерации коментираат „стај си ги парите во банка, на сигурно, нека расте камата“. Постарите генерации целат на некоја сигурност, но забораваат „тивкиот убиец“ во економијата наречен инфлација. Забораваат на општиот постојан пораст на цените на стоките и услугите во една економија и на тој начин дозволуваат инфлацијата да им ги јаде парите.

Пишува: Боемот 2.0

Просто кажано. (Карикирам) 10.000 денари сега, не вредат исто што и 10.000 денари вределе пред 10 години. Ставајќи ги парите во банка за 10 години добивате минимални камати со која само им помагате на банките да остваруваат високи профити, а вие се залажувате со нешто под 1% кој само ве носи во минус. Штедење пари во банка е добра идеја, но на тој начин дозволувате вашите пари да изгубат на вредност.

Затоа, постои алтернатива. Алтернатива која се нарекува инвестирање. Живеејќи во вакво општество единствено преку инвестиции можеме да опстоиме, да бидеме профитабилни така што парите утре би ни вределе повеќе отколку парите денес. Токму затоа, јас инвестирам. Конкретно, имам пари во криптовалути кои ми се орочени со далеку поголеми проценти отколку во банките, но и пари инвестициски фондови кои ми „шема“ периодов. Пред извесно време дознав за оваа работа (дека од Македонија многу лесно може да се вложува во инвестициски фондови) и ми се допаѓа тоа што добивам одлични проценти на едноставен начин. Освен ова, фамилијарно веќе години наназад инвестираме преку животно осигурување и така парите постојано ни растат. А во иднина, планирам да купам и акции на америчката берза. До пред извесно време имав акции во Модерна (вакцини), но ги продадов за одлична сума. Сега приоритет ставам на инвестициски фондови и со мирна глава парите постојано ми растат.

Enjoy capitalism <3

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email